Напитокот кој се подготвува од само три состојки, зелен чај, цимет и ловоров лист, се смета за еден од најефикасните во борбата против вишокот килограми.
Според исповедта на оние кои го пробале, чајот помага при слабеење, а многумина тврдат дека делува по само 24 часа.
Подготовка:
Сварете 800 милилитри вода и додадете стапче цимет, три ловорови листови и лажица зелен чај.
Покријте и оставете 15 минути, па процедете.
Примена:
Првата шолја чај се препорачува да се пие на празен стомак, втората после појадокот, а третата навечер, непосредно пред спиење.
Се верува дека тие три шолји чај дневно се доволни за да ги изгубите масните наслаги во пределот, пред се, на стомакот, бутовите и задникот, а првите резултати ќе бидат видливи по седум дена, што е период во кој че изгубите околу осум сантиметри во половината.
Причината е што сите три состојки на овој пијалок одлично ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот.