
Во последно време на социјалните мрежи се почесто се среќаваат необични совети за слабеење.
Така, неодамна се појави тренд во кој се препорачува во кафето да се додаде сок од лимон. Сокот од лимон во кафето може да помогне во отстранувањето на масните наслаги.
Иако комбинацијата на овие две состојки не е многу вкусна, таа стана исклучително популарна поради едноставната подготовка и достапноста на овие намирници. За оваа комбинација се вели дека е и добар афродизијак, но нутриционистите истакнуваат дека не постои наука која ќе покаже дека овој пијалок има такви придобивки.
Кафето и лимонот се богати извори на антиоксиданси
Сепак, нема значајни докази кои сугерираат дека додавањето лимон во кафето може да понуди дополнителни здравствени придобивки освен зголемувањето на внесот на антиоксиданси, вели нутриционистот Кристал Скот.
Идејата дека овие две состојки во комбинација имаат различни предности доаѓа од фактот дека пиењето црно кафе и лимонада без шеќер всушност ја стимулира работата на цревата, пренесува Клик.
Освен тоа, кафето содржи и кофеин кој го стимулира нервниот систем и дава енергија, а лимонот е богат со витамини, а често се користи како природен лек, особено за настинки и грип.