Податоците покажуваат дека еден од 20 луѓе во текот на животот ќе развијат камен во бубрегот во телото,кој при минување низ уринарниот тракт може да биде многу болен.Но, благодарение на само една храна, можете да се ослободите во рок од 10 дена. Ви пренесуваме едноставен и ефтин рецепт.
Повеќето бубрежни камења можат да поминат низ уринарниот тракт во рок од 48 часа без поголеми проблеми, што бара пиење големи количини течности.Меѓутоа, ако се работи за поголем камен или неколку од нив,оваа појава може да биде многу болна и непријатна и бара медицинска помош.
Но, можете да се ослободите и од камењата во бубрезите по природен пат,а еден од најуспешните домашни лекови се крие во само една храна.Станува збор за зрно просо кое од памтивек се користи во медицински цели и кое на наједноставен начин може да го реши овој непријатен проблем за само 10 дена.
Просото е хранливо и здраво зрно кое нашето тело го сака. Што се однесува до камењата во бубрезите, просото делува така што ги разградува камењата, песокот и талогот во бубрезите и мочниот меур, но и ги чисти бубрезите од токсините.
Пијте против камења во бубрезите:
Состојки:
-200 грама просо
-2 литри вода
-Тенџере од 3 литри
-Стаклен сад
Постапка:Навечер, пред спиење, просото исплакнете го во топла вода и оставете го да отстои преку ноќ.
Наутро просото протресете го во поголемо тенџере.
Загрејте 2 литри вода да зоврие и истурете ја во тенџерето со просото.
Покријте го тенџерето и оставете го да отстои цел ден.
Навечер или следното утро просото промешајте го и процедете го,а течноста чувајте ја во стаклен сад и покријте ја.
Течноста пијте ја секој ден 10 до 15 дена во неограничени количини (најмалку една чаша дневно).
Совет:Просото не го фрлајте бидејќи е многу здраво и хранливо.
Варете шолја просо и 3 шолји вода околу 15 минути (како гриз, овес или ориз) и јадете го за појадок како каша со мед и суво овошје или рендано чоколадо.