Направете брз тест: Проверете дали тироидната жлезда работи правилно

popara17 април, 20231min00
Screenshot_4

Многумина имаат проблем со штитната жлезда и без да се свесни за тоа. Честото дебелеење или неможноста да се ослаби како претходно укажува и на лошото функционирање на штитната жлезда.

 

 

 

 

Тоа може да биде сериозен проблем ако не се открие навремено или ако не се третира соодветно. Ако имате некои слични симптоми, не мора веднаш да трчате на лекар, туку прво направете си го домашниот тест, кој ќе ви даде знак што да преземете.

 

Овој тест е едноставен и познат е како Барнов тест. Сè што ви е потребно за да го спроведете е еден топломер.

 

Најпрво добро протресете го и бидете сигурни дека не покажува температура повисока од 35 степени.

 

Оставете си го на ноќната масичка до креветот и прво нешто што ќе направите кога ќе се разбудите наутро е да го ставите пор пазувите, на гола кожа, без облека.

 

Држете го 10 минути, па видете го резултатот и запишете го. Зависно од резултатот има различни дијагнози.

 

  1. Ако вашата температура е помеѓу 36.5 и 36.8 степени, штитната жлезда ви работи нормално.

 

  1. Ако температурата ви е пониска од 36.5 степени, тогаш е забавена нејзината работа. Симптомите за тоа се депресија, недостаток на енергија, замор, инфекции, хронична главоболка, недостаток на меморија и концентрација, опаѓање на косата.

 

  1. Ако температурата ви е повисока од 36.8 степени, се работи за забрзана работа на штитната жлезда или инфекција во телото.

 

За да бидете сигурни во точноста на резултатот, повторете го тестот 3 дена по ред. Ако вашата температура е над или под дозволената граница, подобро е да се обратите кај вашиот лекар.

 

Кај жените може да варира доколку тестот се прави за време на менструалниот циклус.

 

За правилна работа на штитната жлезда важна е добрата работа на црниот дроб, ниско ниво на стрес, доволно селен, витамин А, кортизол, магнезиум и витамин Б.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma