
Ви предлагаме да направите медени колачиња по оригинален рецепт со само неколку состојки кои веќе ги имате дома.
Ова се колачиња во кои главна состојка е медот. Едноставни се и лесни и брзо се прават. Овие колачи се повкусни и помеки колку подолго стојат, па можете да направите поголема количина. По желба можете да ги декорирате и со јаткасти плодови или некое суво овошје.
Состојки:
5 лажици мед
5 лажици шеќер
1 јајце
5 лажици млеко
5 лажици масло
450 гр меко брашно
1 лажица сода бикарбона
Подготовка:
Прво изматете ги медот, шеќерот и јајцето. Потоа додадете ги млекото и маслото, како и просеаното брашно со сода бикарбоната.
Се замесува тесто, па се одвојуваат мали делчиња од смесата и се обликуваат топчиња.
Наредете ги на тава обложена со хартија за печење.
Медените колачиња се печат во загреана рерна на 200°C околу 12 минути. Потоа се оставаат да отстојат уште 3 минути во исклучената рерна.
Уживајте!