Разновиден зеленчук,два вида брашно и уште неколку состојки ќе ви ја дадат оваа одлична пита.
Доколку сте љубители на теста и пецива,оваа шпанска пита со зеленчук е вистинскиот избор за вас.
Состојки:
прашок за пециво
50 мл масло
200 мл јогурт
малку сол
4 поголеми јајца
2 лажици пченкарно брашно
10 лажици бело брашно
1 сварен морков
3-4 сечкани кисели краставички
2 сечкани кисели пиперки
200 гр сечкана фета
малку сечкан магдонос
Подготовка:
Јајцата се матат,па се додаваат брашното и прашокот за пециво.Соединете,посолете и додајте зеленчук,масло, огурт и сечкан магдонос.Соединете сè, и на крајот додадете ситно издробено сирење.Повторно измешајте,намачкајте го плехот со масло и посипете го со малку брашно па истурете ја смесата во неа и по желба посипете со сусам.Се пече на 200 степени околу 50-60 минути.