Направете волшебен микс: Ако страдате од суви и испукани пети, нанесете две состојки и тие повторно ќе станат меки

popara22 февруари, 20231min00
676

Кожата лесно се задебелува

Една од оние досадни работи кои знаат да не изнервираат и измачуваат се испуканите пети. Сувата кожа лесно може да испука, а многу често тоа се случува на стапалата, особено на петите. Тие се оптоварени од одење или носење неудобни чевли, па кожата лесно се задебелува.

За да го средите тоа, нема потреба да одите кај козметичар. Доволно е сами да ја направите оваа магична смеса.

Се што ви треба се млеко и сода бикарбона.

Постапка:

  1. Загрејте го млекото и истурете го во голем леген во кој можете удобно да ги сместите стапалата.
  2. Потопете ги стапалата во млеко пет минути и потоа додадете сода бикарбона.
  3. Соединете ги млекото и сода бикарбоната така што нежно ќе ги движите нозете.
  4. Посебно внимавајте на деловите од стапалата каде што кожата е потврда и подебела. Доколку е потребно, користете ги рацете за нежно да ги измасирате проблематичните делови на стапалата со смесата.
  5. Кога ќе завршите со триење на стапалата, оставете ги во легенот уште 5 минути.
  6. Исплакнете ги темелно стапалата со топла вода.

Најдобро е барем еднаш неделно да ги натопите стапалата во оваа смеса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma