НАПРАВЕТЕ ГО МАЛИОТ ЦРН ФУСТАН НЕОДОЛИВ Пет модни додатоци кои ќе му вдахнат живот

popara30 мај, 20231min00
779107_shutterstock-1665213835_f

Малиот црн фустан е нешто што секоја жена го има во својот плакар. Безвременскиот класик можете да го зачините со разни модни детали кои ќе му дадат живот. Ова се најдобрите додатоци за да го освежите вашиот мал црн фустан.

Шал

Шаловите се целосно носливи во текот на целата година. Посветлиот шал е одличен моден додаток за пролет и лето. Кога ќе пристигне студеното време, марамите од памук и кашмир совршено ќе го комплетираат вашиот изглед.

Ѓердан

Ѓерданите му додаваат малку сјај на црниот фустан. Стејтмент ланче ќе донесе гламур и ќе го надополни вашето деколте. Експериментирајте со огромни ѓердани, како и оние долгите со интересни привезоци.

La Petite Robe Noir

Тенок каиш

Тенките ремени ја нагласуваат вашата силуета. За во канцеларија, пробајте црн или беж тенок појас. За забава, носете ремени, или појаси, во различни бои и различни текстури.

La Petite Robe Noir

Торба во боја

Чантичка со која било големина во силна боја може да биде добар избор. Забавувајте се со овој моден додаток кој ќе го освежи изгледот на вашиот мал црн фустан.

La Petite Robe Noir

Чевли

Чевлите во боја ќе ја разбијат монотонијата на црниот фустан. Обидете се со потпетици во сина, црвена, зелена или неонска нијанса. Чевлите во боја ќе го комплетираат вашиот изглед во секоја сезона, пишува „zenskimagazin.rs“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag