Воздушестиот крем од чоколадо е омиленото уживање на многумина. Ви го откриваме најдобриот рецепт.
Изладениот чоколаден мус е идеален летен десерт.
Состојки:
70 гр чоколадо
4 лажици путер
3 јајца
2 лажици шеќер
170 мл разладена изматена слатка павлака
малку чоколадни трошки за декорација
Подготовка:
Чоколадото и путерот растопете ги на пареа. Одвоено изматете ги жолчките и белките.
Додадете ги шеќерот и жолчките во чоколадото. Загрејте ја павлаката.
Додадете уште малку шеќер, па добро изматете со миксер. Смесата со белките измешајте ја во чоколадната смеса и додадете ја павлаката.
Смесата поделете ја во чинии, посипете со чоколадни трошки и ставете ја во фрижидер.
Уживајте!