Секоја домаќинка знае дека е тешко да се функционира без брашно, па редовно го купува и го чува во домот, па токму поради оваа причина многу домаќинства набавуваат поголеми количини, односно прават залихи.
Сепак, она што е многу важно е да знаете како правилно да го чувате.
Повеќето луѓе го чуваат брашното во кујната или во оставата, меѓутоа, белото пченично брашно треба да се стави во замрзнувач 48 часа по купувањето, за да се уништат сите можни јајца од штетници што може да се најдат во него.
После тоа, брашното треба да го ставите во чиста, сува и херметички затворена кутија која ќе ја ставите на темно и ладно место. Ако ја ставите таквата кутија во фрижидер, ќе му го продолжите рокот на траење до две години. Меѓутоа, доколку планирате да го искористите брашното во рок од една година од денот на отворањето на пакувањето, тогаш можете да го чувате и во оставата.