Направете макарони со сирење! Евтин, вкусен и брз ручек

popara30 август, 20231min00
738200_screenshot-1_m

Макароните со сирење се вистинскиот избор кога сакате нешто вкусно и брзо.

Има ли човек кој не сака макарони и сирење? Ним не им треба посебен опис бидејќи се јадат насекаде низ светот. Поради нивната лесна подготовка и волшебниот вкус, брзо го пронајдоа патот до сечие срце. Кога немате време, ако сте љубител на тестенини, макароните со сирење секогаш ќе ви паднат на ум.

Сите оброци со тестенини се идеални за лето бидејќи се прават брзо, а и сите се вкусни. Ако можеби сакате нешто полесно, тогаш подгответе макарони со тиквички.

Состојки:

2 шолји макарони

4 лажици путер

1 лажица лук (изгмечен)

4 лажици брашно

3 шолји млеко

½ лажичка сол

½ лажичка бибер

1 лажичка чили во прав

2 шолји чедар кашкавал (рендан)

1 шолја крем сирење

1 чаша моцарела (рендана)

Подготовка:

Сварете ги макароните, исцедете ги и исплакнете со ладна вода. Оставете ги на страна.

Во тенџере растопете го путерот, а потоа додадете го издробениот лук и динстајте една минута.

Додадете го брашното и добро измешајте за да избегнете грутки и варете додека смесата малку не порумени.

Потоа истурете го млекото и измешајте. Додадете ги зачините, измешајте и намалете ја топлината.

Додадете ги сите сирења, но по секое додавање убаво измешајте. На крај додадете ги сварените макарони и мешајте додека се да се соедини.

Пријатно јадење!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag