Направете МОЌЕН ЛЕК од КОПРИВА за подобра КРВНА СЛИКА – 4 состојки, само 10 минути: Еликсир на здравјето во тегла

popara10 април, 20231min00
shutterstock_1460280620

Младите листови од коприва почнуваат полека да никнуваат, па не смееме да заборавиме дека ова растение е полно со железо, идеално за прочистување на крвта и совршен борец против анемија. По зимата и тешката храна, компривата може да биде природен лек за прочистување на крвта, а во случај на анемија може да ја подобри крвната слика, како и да го зајакне имунитетот и да го намали ризикот од воспаление во организмот.

Ви пренесуваме рецепт за подобра крвна слика во кој се користат семки од коприва, но се додаваат и сурови бадеми – јаткасто овошје кое е извор на железо. 100 грама бадеми содржат 3 мг железо. Сите состојки во овој еликсир на здравјето кога ќе се соединат прават моќна имунолошка бомба. Се препорачува да го земате лекот околу 10 до 14 дена, по 3 супени лажици дневно. Ќе ви требаат околу 10 минути за да се подготвите.

Состојки:

50 гр семки од коприва

100 гр бадеми

2 лимони

350 гр домашен мед

Подготовка:

Во тегла прво додадете го медот, па семето од коприва, па добро измешајте да се соединат состојките. Исцедете го лимонот и во смесата истурете го сокот од лимон и измешајте. На крај додадете ги исецканите бадеми и сè убаво измешајте. Затворете ја теглата и чувајте го лекот во фрижидер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma