Вашиот стоматолог ќе биде изненаден од состојбата на вашите заби. Пробајте!
Хигиената на усната празнина е важна за современиот човек. Но секој од нас барем еднаш во животот се запрашал што сѐ е „напикано“ во пастата. За жал, не се безопасни сите состојки во нејзиниот состав. Помеѓу другото, има флуор, кој толку се рекламира, а воопшто не е корисен за здравјето.
Размислете, секојдневно во организмот внесуваме огромно количество за нас токсични супстанции, кои остануваат во устата по утринското (а многумина го прават тоа по секое јадење) миење на забит. Пред сѐ, треба да се избегнат парабените, сулфатите и триклосаните.
Своерачно приготвување забна паста на база на природни компоненти ќе ги заштити забите и непцата од микроби, а притоа нема да му наштети на организмот. А во ризницата на мајката природа секогаш се наоѓаат потребните состојки:
* Каранфилчето го отстранува воспалението и ја искоренува болката.
* Жалфијата спречува парадентоза и ги зајакнува непцата.
* Темјанот се бори со бактериите.
* Нането го освежува здивот и ги отстранува воспалителните процеси во усната празнина.
* Чајното дрво ги штити забите од микроби и се грижи за непцата.
Ги собравме наједноставните но ефикасни рецепти за правење забна паста од билни компоненти што секогаш може да се купат во секоја аптека.
РЕЦЕПТ 1
Во оваа паста нема состојки што се штетни за човекот. Сто отсто е природна, а се карактеризира со пријатна арома. Приготвената забна паста чувајте ја во херметички затворено пакување.
Потребно е:
* по прстофат иситнето семе од коморач и морска сол;
* на врв на нож цимет;
* едно-две лажичиња сода бикарбона;
* шест капки масло од чајно дрво (можете да додадете и масло од нане);
* лажиче кокосово масло.
Внимателно измешајте ги сите состојки освен кокосовото масло. Со добиената смеса наполнете чист сад што има капак. Пред секое миење на забите земете малку паста (со големина од зрно грашок), додајте го кокосово масло, па дури потоа мијте ги забите.
РЕЦЕПТ 2
Оваа паста одлично го освежува здивот, ги отстранува наслагите и ги избелува забите. Притоа, многу е поевтина од оние што ги купувате во продавница.
Потребно е:
* 70 г прав од бела глина;
* лажиче мед;
* две капки етерично масло од жалфија или камилица;
* од пет до десет капки прополис на водена основа.
Глината растворете ја со вода да се направи кашичка, па додајте го прополисот. Во лажичето мед капнете го етеричното масло и соединете го со глината. Внимателно измешајте го сето тоа и измијте ги забите.
РЕЦЕПТ 3
Ова паста одлично излегува накрај со наслагите, спречува непријатен здив и ги зајакнува непцата.
Потребно е:
* по половина лажиче иситнета морска сол, прав смирна (смола) и бела глина;
* две лажичиња сода бикарбона;
* две лажичиња глицерин (можете да купите во аптека);
* три-четири ливчиња свежо нане;
* 10–13 капки етерично масло по избор: рузмарин (против крвавење), лимон или портокал (за свеж здив), нане (против воспаление и непријатен здив).
Сите компоненти мешајте ги додека се направи хомогена смеса. Пастата ставете ја во сад со капак и чувајте ја во фрижидер (пожелно е, но не и задолжително).
СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНО МИЕЊЕ
1 Содата како една од компонентите во пастите можете да ја користите само еднаш неделно. Нејзините микрочестички претставуваат одлично абразивно средство, кое ги избелува забите, но при честа примена го оштетува горниот слој на глеѓта.
2 Обична солена вода (лажица морска сол на шолја зовриена вода) е природно средство за избелување, кое ја прави насмевката навистина блескава.
3 Плакнењето на устата со лимонтус ќе помогне да ги отстраните наслагите од забите. Само, по таквата процедура не смеете да ги миете забите минимум два часа.
4 За јакнење на непцата и запирање на крвавење се применува одвар од дабова кора. Доволно е со него да ја измиете устата наутро, па чувството на свежина да биде присутно цел ден.