Покрај одличниот вкус, чоколадото е вистински мелем за нашите усни.
Доколку сакате да ги негувате вашите усни на вистински начин, ви предлагаме сами да си направите чоколаден балсам за усни.
Проверете дали ги имате вистинските состојки за овој фантастичен чоколаден балсам кој ќе ги остави вашите усни меки и негувани.
Состојки:
5 грама путер од какао
2 грама кокосово масло
1 коцка чоколадо за готвење
Какао путерот ќе ја омекне сувата кожа на усните, ќе ја хидрира и ќе ја зголеми нејзината еластичност. Кокосовото масло има пријатен и нежен мирис и ја прави кожата мазна и ја штити од сушење. Чоколадото е вистински додаток за уште подобар вкус и мирис.
Подготовка:
Растопете го путерот на пареа, па додадете го чоколадото. Мешајте постојано додека не добиете густа смеса, а потоа истурете ја смесата во мала кутија. Оставете да се излади и мелемот потоа е подготвен за употреба. Рокот на траење е 2 месеци.
Намачкајте ги усните и уживајте во вкусот и мирисот или споделете чоколадни бакнежи со партнерот.