Ако козметиката купена во продавница не ви одговара или сакате да ја направите сами, ова е одличен природен рецепт за вас. Направете тоник со зелен чај кој ќе ја намали видливоста на заморот.
За да и обезбедите на вашата кожа целосна хидратација и да и го вратите сјајот, потребно е да пиете доволно течности, но и да спиете седум или осум часа. Покрај тоа, не треба да консумирате премногу кафе.
За да направите тонер за лице, потребни ви се четири состојки:
200 мл вода
4 лажички зелен чај
1 лажичка нане
1 лажичка сок од лимон
Подготовка:
Измешајте топла вода, зелен чај и нане, па изладете. Потоа додадете сок од лимон. Префрлете ја течноста во шише со распрскувач.