Чоколадното суфле е по потекло од Франција, а доколку сакате да биде глатко и воздушесто, тогаш треба посебно да ги изматите жолчките и белките.
Состојки:
2 лажици млеко
1 лажица слатка павлака
75 гр шеќер
60 гр темно чоколадо
2 јајца
1 белка од јајце
1/4 лажичка сол
30 гр незасладено какао во прав
45 мл вода
Повеќе:
200 мл слатка павлака
1 лажица шеќер во прав + за посипување
Подготовка:
Во тенџере измешајте ги млекото и слатката павлака, па варете додека не зоврие. Тргнете од оган, па додадете го ренданото или искршеното чоколадо и мешајте додека не се растопи.
Додадете какао и вода, измешајте и варете кратко на пареа. Потоа извадете го и оставете да се излади неколку минути. Одвојте ги жолчките од белките, па во чоколадната смеса додајте ги изматените жолчки и измешајте.
Изматете ги белките со прстофат сол, а потоа додадете го шеќерот и матете додека не добиете цврст шлаг. Додадете ја оваа во чоколадната смеса и нежно измешајте. Земете калапи со иста големина, намачкајте ги со путер и посипете ги со шеќер. Истурете ја смесата во калапот и наредете ги калапите на тава.
Печете во загреана рерна на 190°C околу 13-15 минути. Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав. Суфлето извадете го од рерна и посипете го со шеќер во прав, па се украсете го со изматената слатка павлака. Послужете веднаш.
Уживајте!