НАПРАВЕТЕ ЊОКИ КАКО ИТАЛИЈАНИТЕ: Познат готвач го откри наједноставниот и најдобар рецепт

popara31 март, 20231min00
676 (1)

Италијанците се познати по тоа што имаат широк спектар на специјалитети од тесто, како тестенини, пица, лазањи, њоки… Секоја домаќинка малку ги преработила рецептите за познати јадења, но оригиналот сепак е најубав.

Познатиот италијански готвач Џенаро Конталдо открива како да направите совршени домашни њоки. Можете да ги пржите или варите, да ги послужите како прилог или јадење, а одлично одат и со сосови. Се прават од тесто од компир за околу половина час.

Состојки:

1 кг компир

Сол

2 жолчки

150 гр брашно

Подготовка:

Сварете ги компирите со кора, процедете ги и оставете ги да се изладат. Потоа излупете ги и изгмечете, посолете и додадете ги жолчките и брашното. Замесете тесто, па префрлете го на набрашнета површина. Исечете парче тесто, па виткајте го додека не добиете облици на змија. Се сече на помали парчиња и прво се посипува уште малку брашно. Секоја њока превртете ја малку меѓу рацете, а потоа притиснете со вилушка и повторно нежно свиткајте. Сварете ги или испржете ги. Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag