Земете ја вашата лесна кошула, провлечете ги врвките низ ракавите и имате две сосема нови блузи.
Општо познато е дека повеќето жени сакаат да купуваат нова облека, но понекогаш тоа навистина не е потребно. Особено ако од некоја од вашите стари кошули можете да добиете сосема нова блуза додека трепнете, поточно две.
Веднаш да ве израдуваме што овде не мислиме на никакво шиење, кроење и слично, туку буквално „преобразување“ на едно парче облека во друго.
Веројатно веќе се прашувате како да го постигнете тоа, а одговорот е со врвка или некоја појака лента.
Поминете ја лентата низ ракавите на кошулата, а потоа врзете ја околу вратот. Врзете го долниот дел зад грбот, заглавете го во панталоните или здолништето и спремни сте да тргнете.
Со местење на ракавите ќе добиете поинаква јака, а со тоа и поинаква блуза.
Како изгледа во пракса, погледнете на видеото ТУКА.