Наутро ви се замрзнати стаклата? Еве како да го одмрзнете автомобилското стакло додека да трепнете

popara24 декември, 20231min00
Screenshot_2

Никогаш не истурајте топла вода врз замрзнатото стакло бидејќи може да пукне, особено ако веќе има мали оштетувања. Подобар избор е млаката вода која ќе ја нанесете на стаклото  со крпа

 

 

 

Многу е едноставно. Направете домашна течност за одмрзнување која наутро само ќе ја прскате на замрзнатите прозорци. Ќе го омекне мразот и чистењето ќе биде готово за околу 10 секунди.

 

Рецепт: во шише ставете литар алкохол, децилитар вода и 1 лажичка детергент за садови. Добро протресете и користете по потреба.

 

Има уште еден рецепт: во шише со распрскувач измешајте алкохол и вода во сооднос 2:1 (две третини алкохол и една третина вода).

 

Исто така, имајте на ум дека паметното паркирање исто така помага. Паркирајте го со предниот дел свртен кон исток и, ако е можно, така што возилото да не е блокирано од згради и куќи. На овој начин првите утрински зраци полека ќе го стопат мразот на шофершајбната, па наутро со него ќе тргнете на работа порано.

 

Ако се најдете некаде во градот, ви замрзнуваат прозорците, а немате спреј или стругалка – посегнете по банкарската картичка и истружете го мразот. Ќе оди малку побавно, но по некое време ќе можете да влезете во автомобилот и да возите дома.

 

А ставањето картон на прозорците е одличен начин да се спречи формирање на мраз. Наместо картон, можете да ставите и стара крпа.

 

Заштитете ги и бришачите и ретровизорите

 

Доколку сакате бришачите да не се лепат за замрзнатото стакло, ставете им ги старите чорапи. Или, едноставно подигнете ги од стаклото за да не се залепат.

 

Надворешните ретровизори на автомобилот нема да замрзнат доколку ги „спакувате“ во пластични кеси. Можете да ги завиткате и со гумена трака.

 

Заштитете ги бравите од мраз

 

Тука помага WD40 помага. Испрскајте го во бравите на вашиот автомобил и нема да замрзнат преку ноќ. А ако сакате да ја заштитите вратата од смрзнување, за да можете без проблем да ја отворите наутро, посегнете по малку маснотии. Тоа може да биде глицерин, вазелин, растително масло за јадење.

 

Како да ги заштитите прозорците од замаглување

 

Ова е често случај во студените денови. Стаклата можете да ги премачкате со пена за бричење и добро да ја истриете со хартиена крпа додека не исчезне вишокот. Истиот метод можете да го користите и со огледалата во бањата.

 

Исто така, наполнете ги старите чорапи со песок за мачки, врзете ги и оставете ги во автомобилот. Тој песок ја впива влагата, па ќе ја намали неговата количина и во вашето возило.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag