Пролетта е време кога сите сакаме барем малку да ги поправиме нашите навики, да ослабеме и да се затегнеме, а тоа време доаѓа наскоро.
Доколку не сте по радикални диети и тренинзи, доволно е да промените една навика, а тоа е утринската, за да го започнете метаболизмот и да изгубите килограми. Станува збор за пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело. Најдобро од сè, состојките се многу евтини и потребни ви се само 5 минути за да го подготвите.
Состојки: 1 лимон, 60 гр магдонос и 60 мл вода.
Подготовка: Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со топла вода.
Примена: Овој напиток секогаш пијте го на празен стомак. Консумирајте по една шолја дневно 6 дена, па направете 10-дневна пауза, па можете да започнете повторно.
Многу е важно како ќе го започнете денот, а за вашето тело ќе биде покорисно наутро наместо кафе на работа да пиете чај од магдонос и лимон. Резултатите ќе ги забележите веќе по еден месец.
За време на паузата можете да испиете литар и пол вода во која сте исцедиле еден лимон.