Научниците открија неверојатна врска помеѓу ВЕЖБАЊЕТО и ДЕПРЕСИЈАТА: Што можат да направат само 30 минути тренинг?

popara14 јануари, 20231min00
9f8fdda43cfa8a1db7a03aca8df99efddc5aedb5

Вежбањето може да има поголемо влијание отколку што мислиме

Вежбањето кое трае само 30 минути може значително да ги намали симптомите на депресија, покажуваат неодамнешни студии на Универзитетот во Ајова (ISU), пишува „Healthline“.

Д-р Јакоб Мејер изјави за „Healthline“ дека иако се знае многу за тоа како вежбањето може да им помогне на луѓето, помалку е познато како тоа потенцијално може да им користи на луѓето со депресивни симптоми.

„Ги спроведовме овие студии за подобро да ги разбереме краткорочните ефекти од вежбањето и како можеме да го искористиме максимумот“, изјави Мејер за „Healthline“.

Во студијата, истражувачки тим работел со 30 возрасни лица кои имале знаци на депресија. Учесниците ги комплетирале електронските анкети пред, на половина пат и по 30-минутната сесија на велосипед со умерен интензитет, а потоа 25, 50 и 75 минути потоа.

Оние кои возеле велосипед за време на првата посета на лабораторијата се вратиле една недела подоцна за да го повторат експериментот, но прво седеле 30 минути, додека другата група исто така го сменила редоследот на вежбите за одмор. По овие сесии, учесниците пополниле анкети со стандардни прашања и скали кои се користат за мерење на симптомите на депресија.

Подобрување се забележува до 75 минути по вежбањето

Податоците од анкетата ги следеле промените во три карактеристики на големото депресивно растројство, како што се состојба на депресивно расположение, тешкотии да се чувствуваме задоволни од активностите во кои претходно сме уживале и намалена когнитивна функција. Наодите покажуваат дека за време на експериментот со велосипед, на учесници со депресија расположението им се подобрило за време на 30 минути вежбање и до 75 минути после тоа.

По околу 75 минути, придобивките од вежбањето во борбата против промените на расположението почнале да исчезнуваат. Но, сепак било подобро во споредба со групата која не вежбала. Оние кои возеле велосипед биле подобри на тестот за откривање на депресија среде вежбање, но наодите биле помалку изразени 25 и 50 минути потоа отколку во групата која одмарала. Мејер рече вели се потребни повеќе истражувања за да се разбере оваа варијација.

– Не бевме сигурни колку долго ќе траат краткорочните ефекти. Охрабрувачки е наодот дека состојбата на депресивно расположение се подобрила во последните 75 минути по вежбањето – и дека веројатно трае подолго. Мејер вели дека тоа сугерира дека ефектот на една вежба трае еден час или повеќе.

На крајот од осумнеделната програма и двете групи покажале подобрување. Учесниците кои вежбале, исто така, пријавиле побрза и посилна врска со терапевтите, што укажува на тоа дека вежбањето може да го поттикне мозокот да се вклучи повеќе во емоционално предизвикувачка работа, пишува „Healthline“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma