НАЦИЈАТА ЗАГРИЖЕНА ЗА БИЈОНСЕ: На сите им е чудно едно нешто

popara12 мај, 20231min00
Screenshot_7

Бијонсе синоќа ја започна својата долго очекувана светска турнеја „Renaissance“ со концерт во Шведска.

 

 

 

Популарната пејачка направи шоу на најголемиот стадион во Шведска, Friends Arena, а до крајот на јуни ќе ги обиколи големите европски градови како Брисел, Лондон, Барселона, Амстердам, Хамбург и Франкфурт.

 

Пејачката за време на настапот неколку пати смени костими, а дефинитивно најголемо внимание привлече во златно боди со нацртани црни раце сместени на стратешки места.

 

Две исцртани раце беа поставени околу нозете, две покриваа поинтимни делови од телото, а две беа исцртани на задниот дел, што беше јасно видливо кога пејачката го сврте грбот кон публиката за време на изведбата на песната „Drunk in Love“ . Изгледот го комплетираше со пар ракавици од латекс.

 

„Тоа боди од Loewe што го носи Бијонсе ќе влезе во историјата“, „Ми треба тоа боди со раце што побрзо“, напишаа воодушевените обожаватели.

 

Изгледот на костимот го дизајнираше креативниот директор на Loewe, Џонатан Андерсон, кој откако ја дизајнираше облеката на Ријана на полувремето во Супербоул, е еден од најбараните модни дизајнери во светот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag