Највоздушестите палачинки БЕЗ МЛЕКО: Се прават брзо и лесно, а може да останат во фрижидер до 4 дена

popara15 јуни, 20231min00
364988_americkepalacinkeshutterstock-2182445581_ff

Кога е време за појадок или вечера, понекогаш ни е тешко да подготвиме нешто ново што е вкусно и пред се лесно и брзо се подготвува.

Токму такви се овие палачинки без капка млеко, кои ќе ги направите за пет минути.

Наместо млеко, се користи вода, а резултатот се највоздушните палачинки што ќе ги пробате.

Состојки:

1 и 1/2 чаши вода
1/2 чаша масло или 1/2 чаша стопен, топол путер
2 големи јајца
2 лажички екстракт од ванила
2 1/4 чаши + 2 лажици брашно
1/4 чаша шеќер
3 лажици прашок за пециво
1 лажичка сол

Подготовка:

Во поголем сад измешајте ги водата, маслото, јајцата и ванилата.

Потоа во среден сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта.

Сувите состојки се додаваат на влажните и се меша додека не се добие хомогена смеса.

Не мешајте премногу или нема да биде воздушеста смесата.

Загрејте малку масло во тава и пржете ги палачинките додека не почнат да се појавуваат меурчиња под површината, за што ќе бидат потребни околу две до три минути.

Превртете ја палачинката и пржете уште 2-3 минути.

Послужете веднаш. Кога ќе се изладат, ставете ги во фрижидер каде што можете да ги чувате до 4 дена или да ги замрзнете (може да траат и до 3 месеци).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag