Проверете дали имате „соколово око“
Криенката е одличен начин да се забавуваме и да ја тестираме нашата моќ на набљудување во исто време. Уште ако на нив најдеме нешто што ни се допаѓа и што не инспирира, потрагата станува уште позабавна.
Се ближи Први мај, празник кој на нашите простори е речиси незамислив без скара. Но, додека на оние кои сакаат да подготвуваат храна им треба трпение и знаење за месото да испадне совршено, на страсните ловци на скриени предмети не им е тешко да ја најдат црвената скара на оваа илустрација.
Или можеби сепак ќе им биде?
Оние кои можат да се пофалат со одличната моќ на набљудување откриле дека тоа успеале да го направат за само 12 секунди.
Колку време ќе ви треба за да откриете каде авторот на криенката ја сокрил скарата?
Компанијата „Seriously Smoked“ одлучи да ви го разубави овој пролетен ден – прифатете го предизвикот и тргнете во потрага.
Ние ќе ви помогнеме – ќе биде покорисно да го пребарувате долниот дел од илустрацијата.
Доколку храната на сликата ви го одвлече вниманието и не можете да ја пронајдете скарата, погледнете го решението подолу.