Нара Баптиста е новата девојка на Винсент Касел и актерот тоа не го крие.Јавно ја покажува љубовта и неговите коментари се навистина нешто посебно.
Венсан Касел (56) изгледа минува низ средовечна криза и тоа јавно пред сите.Имено,откако ја остави сега веќе поранешната сопруга Тина Кунаки (26),со тоа што прво ги избриша сите заеднички слики од Инстаграм,веднаш пронашол 30 години помлада манекенка која ја донел на истата плажа во Рио.
Својата сегашна девојка ја довел на местото каде постојано излегувал со бившата,а фотографиите на двете жени се речиси идентични.
Нара Баптиста има 27 години и е буквално копија на неговата поранешна сопруга.Таа е и модел,по потекло од Бразил,а во 2020 година учествуваше на изборот за Мис Универзум.
Двојката најпрво беше видена на музички настан,а веднаш потоа Винсент почна да остава пораки на Инстаграм на младата Нара.
-„Не можам да се наситам од тебе.
-„Ти си сè и многу повеќе“
Додека од друга страна,Нара објави старо видео на кое Винсент рецитира,за тој да искоментира:„Како да зборувам за тебе“.
Во исто време,неговата нова девојка му остава коментари под објавите на мрежите,додека други корисници велат дека Винсент се однесува „како напален тинејџер“.
View this post on Instagram
Инаку,пред да се ожени со Тина Кунаки,Винсент беше во брак со Моника Белучи,со која има две,сега веќе пораснати ќерки.
Кога се оженил со позната актерка,многумина останале занемени како успеал да однесе ваква убавица до олтарот.Сепак, Винсент изгледа си поставува предизвик и секој пат наоѓа поубава,подобра и пожешка жена.