НАЈДОБАР РЕЦЕПТ ЗА КРОФНИ! Една состојка ги прави особено вкусни

popara9 април, 20231min00
649265_donut-3960487-960-720_f

Ако сакате крофни, тогаш треба да знаете дека омиленото уживање можете да го направите со млеко од соја и вкусот ќе биде фантастичен.

Состојки:

250 гр брашно

150 мл млеко од соја

две лажици шеќер

две лажици масло

кесичка сув квасец

прстофат сол

масло за пржење

За филот:

200 гр маргарин

100 гр шеќер во прав

кесичка ванилин-шеќер

две лажици џем од кајсии

Подготовка:

Измешајте ги брашното, сувиот квасец, шеќерот и прстофат сол. Додадете го млекото од соја и маслото и измешајте за да добиете глатко тесто. Покријте и оставете на топло место половина час да нарасне.

Во меѓувреме подгответе го филот. Пенесто изматете го маргаринот со шеќерот во прав и ванилиниот-шеќер. Додадете го џемот од кајсии и измешајте.

Кога тестото ќе нарасне, издвоете 12 до 15 топчиња. Секоја крофна расукајте ја на два сантиметри со сукало и оставете ги да нараснат 20 минути. Пржете ги на врело масло да поруменат од двете страни. Извадете ги на хартиена крпа да се исцедат и изладат, па наполнете ги со филот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma