НАЈДОБАР РЕЦЕПТ ЗА ЧОКОЛАДЕН РОЛАТ! Потребни ви се само 3 СОСТОЈКИ, евтино уживање кое ЛЕСНО СЕ ПРАВИ (ВИДЕО)

popara3 јануари, 20231min00
650920_screenshot-1_f

Доколку сакате да направите брз новогодишен десерт, ви препорачуваме чоколаден ролат за кој се потребни само три состојки

Состојки:

300 гр чоколадни бисквити

30 гр какао

170 мл млеко

За фил:

300 гр крем сирење

60 гр шеќер во прав

1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Бисквитите изблендирајте ги, па додајте какао и млеко. Потоа соединете ги состојките и формирајте топка, па завиткајте во проѕирна фолија. Треба да се олади во фрижидер околу 15 минути.

Извадете го тестото од фолијата, па на работната површина развлечете втора фолија, ставете го тестото и од горе повторно ставете фолија. Потоа развлечете го во правоаголник и отстранете ја горната фолија.

Потоа треба да ги измешате крем сирењето, шеќерот во прав и ванилата и премачкајте преку кората. Свиткајте и цврсто затворете. Ролатот треба да се излади уште еден час во фрижидер.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma