Експертите за шминка ги советуваат жените со кафена коса како да се шминкаат.
Шминката помага да се сокријат несовршеностите на кожата, како и да се истакнат најатрактивните црти на женското лице.
Шминката придонесува за подмладен изглед и го камуфлира заморот, но може да има и спротивен ефект доколку не ги изберете вистинските бои.
Експертите велат дека за жените со кафена коса најдобро е да се изберат нијанси на теракота или вишна. Светло розовите тонови може да го направат лицето бледо и безживотно. Ако користите течна пудра, најдобро е да ја тестирате на дневна светлина на пределот помеѓу брадата и долниот дел на образите.
Розовата боја треба да се избегнува на образите, како и на усните. Ако користите бронзер, погрижете се да не претерате, бидејќи тоа дополнително ќе ги нагласи несовршеностите на кожата.
Ако имате сини очи, не брзајте со сините сенки. Подобро е да ги истакнете со темно кафеава или смарагдно зелена сенка. За зелените очи се препорачуваат виолетови и кафени нијанси.
За убавиците со кафена коса и очи, најдобар избор се сенките во боја на црвено вино или темно зелена. Темно сината или црната маскара ќе го комплетира вашиот изглед.
Како и секогаш, советот е да не експериментирате со шминка во деновите кога имате важен настан. Не само што можете да изгубите многу време на неуспешна шминка, туку можна е и алергиска реакција на претходно некористени производи.