Рододендронот има повеќе од илјада видови, расте во форма на грмушка и има прекрасна розова боја. Цветот се нарекува алпска роза затоа што природно расте само во високи планински области. Иако не е роза, по изглед е опасно конкурентен на неа. Секој од бројните видови е познат по своите големи цветови со прекрасна боја и месести лисја кои формираат грмушка со големина до 1,2 метри.
Цветовите можат да бидат розови, бели, виолетови, па дури и црвени, а на секој вид му е потребна подеднаква грижа за да прерасне во прекрасна убавица. Рододендронот не сака сонце и тоа е всушност најважниот услов за неговото садење, изберете да биде под сенка.
Во летните месеци треба почесто да се полева за да не се исушат листовите, а најдобро ќе биде на кисела почва. Се сади во есен или пролет. Подобро ги поднесува ниските температури од високите.
Ако го засадите во саксии, на секои две или три години треба да се пресадува во поголем сад, а на дното да се стави чакал.