Најздравата салата на планетата е слична на марулата: Полна е со ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ, го намалува ризикот од тешки болести

popara17 мај, 20231min00
28048_shutterstock-284049107_f

Руколата е темнозелен лиснат зеленчук со специфичен вкус и арома, најчесто се користи во салати, чорби и медитерански јадења, но својата популарност ја стекна поради бројните здравствени придобивки што ги носи кога ќе стане дел од вашата исхрана.

Оваа вкусна зелена храна е богата со влакна, фитохемикалии и содржи малку шеќер, калории, јаглени хидрати и масти.

Богата е со витамини Ц, К и А, како и фолати, витамин Б група, а содржи калциум и калиум како минерали.

Ова е причината зошто руколата е една од најздравите намирници во исхраната на човекот, а се јадат листот, стеблото и семките на руколата. Со конзумирање на рукола, на вашето тело му обезбедувате доволна доза на хранливи материи кои го поттикнуваат нормалното функционирање на виталните органи во вашето тело.

Само една порција рукола (околу две шолји) обезбедува речиси половина од дневните потреби на витамин А и го зголемува внесот на витамин Ц, железо и калциум. Содржи многу влакна, па ја поттикнува добрата работа на органите за варење и се препорачува при диета за слабеење.

Истражувањата покажуваат дека секојдневното консумирање рукола го намалува ризикот од воспаленија во организмот, појавата и растот на туморите, ја регулира гликозата во крвта, го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем и го намалува ризикот од развој на одредени карциноми.

Како да користите рукола во вашата исхрана:

Руколата е највкусна сирова, па затоа често се користи како салата со маслиново масло, бибер и сол или како салата со шери домати и пилешко на скара.

Можете да ја користите во разни смути или како замена за босилек доколку сакате да подготвите песто .

Кога се готви, руколата губи дел од своите вредни хранливи материи и вкус, па затоа се препорачува да ја консумирате главно сирова.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma