Доколку сте љубители на чоколадни десерти, тогаш можете да направите чизкејк кој е кремаст и неодоливо вкусен.
Состојки:
200 гр крем сирење
100 гр маскарпоне сирење
2 јајца
30 гр шеќер
100 гр млечна чоколада
200 мл слатка павлака
Подготовка:
Растопете ги слатката павлака и чоколадото, а во друг сад изматете ги крем сирењето и маскарпонето додека не добиете изедначена смеса. Потоа додадете ги јајцата кои претходно сте ги изматиле со шеќерот и убаво соединиле.
Постепено додавајте во смесата со сирењето и убаво измешајте, па додајте го стопеното чоколадо. Стуткајте ја хартијата за печење и обложете го кружниот калап, па истурете ја смесата и израмнете.
Печете го чизкејкот во загреана рерна на 230 степени околу 23 до 28 минути. Оставете малку да се излади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер преку ноќ.
Уживајте!