Најкремастиот ЧИЗКЕЈК од 3 состојки: Супербрз десерт без шеќер, брашно или масло

popara4 февруари, 20231min00
354749_japanskicizkejk_ff

Јапонскиот чизкејк е домашна воздушеста торта која стана многу популарна на интернет пред неколку години, а кој ја пробал вели дека е невозможно да погрешите со неа. За работите да бидат уште подобри, се прави со само три состојки, и тоа за само еден час!

Состојки:

4 големи јајца (директно од фрижидер)
200 грама млечно чоколадо
200 грама крем сирење (на собна температура)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

Одделете ги белките од жолчките, па белките ставете ги во фрижидер.

Чоколадото растопете го, па измешајте го со крем сирењето и сè убаво соединете. Потоа додадете ја жолчката и добро изматете со жица додека не добиете хомогена и мазна смеса.

Извадете ги белките од фрижидер, а потоа изматете ги во цврст шлаг. Додадете една третина во смесата со чоколадо и сирење и внимателно измешајте, а потоа додадете ја втората третина и повторете го последниот дел и исто така нежно измешајте во смесата.

Обложете го калапот за торта со хартија за печење, па истурете ја смесата во неа.

Удрете го калапот неколку пати на масата за да се избијат воздушните меури, а потоа ставете го калапот во длабока тава исполнета со топла вода.

Печете 15 минути на 170 степени, па намалете на 160 степени и печете уште 15 минути.

Потоа исклучете ја рерната, но оставете го колачот во неа уште 15 минути, за наеднаш да не попушти. Послужете ладно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma