Пробајте го овој лесен начин за чистење на рерната
Чистењето на рерната е задача која секогаш се одложува, но и за тоа има решение. Со помош на домашна паста можете да ја исчистите рерната полесно од кога било досега, дури и додека спиете. Оваа паста ги отстранува дури и најтврдокорните дамки без премногу триење. Задолжително пробајте ја.
Состојки:
1/2 чаша сода бикарбона
1 лажица течност за миење садови
малку вода
оцет
Подготовка:
Измешајте ги сода бикарбоната и прашокот за пециво во сад, а потоа додадете малку вода. Смесата треба да биде густа. Страничните и средните решетки извадете ги од рерната и намачкајте ја пастата насекаде. Затворете ја рерната и оставете преку ноќ, а следниот ден попрскајте со оцет.
Земете магична крпа и само избришете. Ако имате голем мијалник, наполнете го со топла вода и во него ставете таблети за машина за миење садови, а кога ќе се растворат ставете ги решетките во него. Оставете да делува преку ноќ, избришете со сунѓер и исплакнете. Можете да ги натопите и во када доколку немате голем мијалник, пишува „Еспресо“.