Најлудиот мејкап трик наместо бјути блендер
На „TikTok“ често можеме да видиме разни и често необични трикови за чистење, нега на кожа, но и шминкање, а овој тежнее кон тоа да биде меѓу најлудите и само за храбрите и авантуристите!
Ако сакате да се шминкате, сигурно ќе ве интересира да слушнете за оваа алтернативна техника на шминкање, која се однесува на користењето бјути блендер или негова потенцијална замена!
И додека блогерите за убавина и инфлуенсерите постојано откриваат нови начини за нанесување шминка, наместо популарниот сунѓер, некои користат и тврдо варено јајце!
Овој необичен трик за шминкање го претстави влогерот „PopLux“ на „YouTube“, во видеото „Project Object“, каде на своите следбеници им дозволи да бираат предмети со кои ќе се шминка.
Така дојде до шминкање со јајце, и неочекувано, тој беше многу задоволен од резултатот!
– Ова навистина функционира – откри тој и додаде дека и покрај силниот мирис, текстурата на јајцето и дава на кожата вистинско освежување.
Оваа техника ја испроба и една шминкерка која сподели видео на својот Инстаграм (видеото може да го погледнете ТУКА), а резултатите се навистина неверојатни. Важно е да запомните дека лушпата се отстранува од јајцето – во случај да сакате да го испробате овој трик!