Најмалата чанта на светот продадена за 63.750 долари

popara2 јули, 20231min00
Screenshot_2

Њујорк– Микроскопска рачна торба помала од зрно сол се продаде на аукција за 63.750 долари. Торбата има димензии 657х222х700 микрометри и за да се види нејзиниот дизајн, потребен е микроскоп.

 

 

 

„Доволно тесна да помине низ окото на иглата, оваа торба е толку мала што ќе ви треба микроскоп да ја видите“, објави уметничкиот колектив „МСЦХФ“ од Бруклин, кој ја изработи торбата.

 

Меѓу другите контроверзни дизајни на овој колектив се издвојуваат чевли кои содржат човечка крв.

 

„Постојат големи, нормални и мали рачни торби, но ова е конечниот збор во нивното намалување“, соопшти „МСЦХФ“.

 

Торбата е направена од фотополимерна смола и со помош на технологијата на 3-Д печатење. Нејзината почетна цена на аукцијата била 15.000 долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag