Најмоќната жена на светската сцена? Заради Тејлор Свифт е поместен датумот на премиерата на новиот филм „The Exorcist: Believer“

popara4 септември, 20231min00
o_30268215_1280

Ѕвездата Тејлор Свифт сè што допира го претвора во злато. Објавува хит по хит, ги полни стадионите ширум светот, а сега својата доминација ја пренесува и во кино салите. Мора да се признае, само во Северна Америка, но и тоа беше доволно за да им „удри страв во коски“ на креаторите на филмот „The Exorcist: Believer“, па поради нејзиниот документарец да го поместат датумот на прикажување на филмот.

Откако пејачката во четвртокот на Инстаграм објави дека нејзиниот документарен филм „The Eras Tour“ доаѓа во северноамериканските кина на 13 октомври, истиот ден кога треба да излезе новиот „Exorcist“, креаторите на хорор филмот мораа да реагираат брзо и да ја преместат премиерата на филмот на 6 октомври за да не се преклопуваат. Иако официјално не потврдија дека причината за поместувањето на датумите е стравот од неуспех, јасно е дека Тејлор ќе привлече голема публика во театрите, особено од оние кои не успеаја да добијат билети за турнејата, која беше распродадена за рекордно време. Затоа, овој чекор беше наметнат како единствен логичен доколку режисерите сакаат да си го зграпчат својот дел од колачот по премиерата.

Во прилог на тврдењето имаше и објава на Твитер од Џејсон Бум, продуцентот на филмот, кој на шега ја коментираше промената на датумот со насловот на големиот хит на Тејлор „Look what you made me do!“ За да додаде малку хумор на објавата, тој вклучи и хештег #taylorwins алудирајќи дека нема смисла да се бориме со оваа пејачка за наклонетоста на публиката бидејќи е многу јасно кој ќе победи на крајот.

Пејачката се уште не се изјаснила на оваа тема, а објавата која го најавува документарецот за помалку од 24 часа собра повеќе од 6 милиони лајкови. „Турнејата „Ерас“ беше најзначајното искуство во мојот живот досега и воодушевена сум што можам да ви кажам дека наскоро ќе се појави на големото платно“, напиша Тејлор и ги охрабри следбениците да пеат и танцуваат за време на проекцијата, а ги покани во кината доаѓаат во модни комбинации од турнејата и со нараквиците за пријателство кои ја полудеа нејзината публика, што дури и многу познати личности кои беа на нејзините концерти беа видени со по неколку алки на секоја рака. Во исто време, сајтовите каде што веќе може да се купат билети мораа добро да се подготват за нападот што следи. Така, најголемиот синџир на кина во светот, AMC, ја зголеми својата веб-страница и серверите за дури 5 пати очекувајќи најголем број клиенти досега.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag