Изгледа малку необично, но дали сте слушнале за најновиот тренд на запознавање – да излезете сами со себе?
Да, добро прочитавте.
Дали сте забележале дека често гледате личност како седи сама во бар или ресторан? Сè почесто можеме да видиме луѓе како уживаат во нивното сопствено друштво, без никој да им пречи.
Станува збор за нов тренд наречен „Masterdate“, односно за соло состанок, пишува „NY Post“.
На социјалните мрежи можете да видите како луѓето си подаруваат на себе подароци, слатки и патувања. Сето ова е за полесно да се воспостави здраво чувство на самозадоволство и самодоверба пред да влезете во сериозна врска.
@noorfitstyle ✨Masterdating is definitely a form of self-care …And masterdating in style and comfort is a bonus ❣️🔎: Crop HoodieLuxe Marble #Legging#linkinbio #selfcare #selflove #selfloveclub #repost @meghanking “Megsplaining #masterdating 👆🏼Yep, you read that right(outfit @noorfitstyle )
– Одењето на соло состанок е вежба за самољубие и емпатија. Едуцирајте се за вашите сопствени потреби, желби и работи што ви носат радост, вели Ејми Нобиле, холистички тренер во Вест Вилиџ.
Таа советува и одвреме-навреме да се почестите со омилениот букет цвеќе со слатка порака и да си закажете состанок.