Истражувањата покажуваат дека во денешно време луѓето имаат помалку секс од порано, но кога се сексуално активни најмногу преферираат една поза, откри неодамнешно истражување.
Компанијата Bespoke Surgical анкетираше 1.000 луѓе прашувајќи ги за нивните сексуални желби и активности. Резултатите покажале дека доги стајл позата е најголем фаворит.
Истражувањето откри зошто токму оваа поза е толку популарна. Испитаниците велат дека во оваа поза е можна подлабока пенетрација што е идеално за поинтензивна стимулација на Г-точката. Освен тоа, доминацијата и покорноста можат да се доживеат многу добро.
Припадниците на најмладата генерација Z (родени во периодот по 1995 година) изјавиле дека најчесто ја практикуваат доги стајл позата и тоа во просек 10,6 пати месечно.
Милениумците (родени во периодот од 1980 до 1994) се приближно на исто ниво, додека генерацијата X (1965-1979) ја практикувале 9 пати месечно. Постарите генерации ( луѓето родени од 1946 до 1964) поретко ја практикуваат позата, но крајниот резултат е дека истата е најпопуларна за сите генерации.
На второ место е класичната мисионерска поза, а по неа следи каубојката.