Домаќинките се натпреваруваат да ги направат најубавите јајца за Велигден, а ние ви предлагаме да ја испробате техниката на фарбање со бои за колачи.
Состојки:
јајца
боја за колачи
оцет
Подготовка:
Сварете ги јајцата и изладете ги. Земете чаши и наполнете ги со топла вода, а потоа истурете неколку капки прехранбена боја во секоја и промешајте.
Потоа во секоја чаша додадете 2 лажици оцет и измешајте.
Додадете ги јајцата и оставете да отстојат додека не ја впијат бојата. Извадете ги на крпа и оставете ги да се исушат.