Најсреќни сме кога – јадеме тестенини: Италијанска студија покажа какви чувства поттикнува ова јадење

popara13 декември, 20231min00
shutterstock2322720117-830x0

За многумина италијанската кујна е една од омилените и највкусните. Пици, панцероти, сладоледи, лазањи, тестенини, изборот е долг. Точно е дека не е здраво да ги јадете често бидејќи може да се случи фармерките да не се закопчаат, а ние тоа секако не го сакаме.

Меѓутоа, од друга страна има уште еден шарм: јадењето тестенини не прави посреќни, а сега тоа е докажано.

Имено, една италијанска студија спроведена од „Лабораторија за однесување и мозок“ на Слободниот универзитет за јазици и комуникација IULM, во соработка со Unione Italiana Food, научно ги истражи емоционалните и неврофизиолошките механизми кои се во основата на радоста што се доживува додека се јадaт тестенини.

Користејќи невронаука и методи за следење на мозокот слични на оние што се користат во детекторите за лаги, истражувачите ги испитуваа емоционалните одговори на 40 испитаници на возраст од 25 до 55 години без алергии на храна. Студијата откри дека јадењето тестенини предизвикува силна и трајна позитивна емоционално-когнитивна состојба, дури и ја надминува радоста предизвикана од омилените активности како слушање музика или гледање спорт.

Приближно 40 отсто од учесниците сметале дека тестенините се храна за удобност. На прашањето за емоциите поврзани со тестенините, моменталниот одговор беше огромна среќа. Неверојатни 76 отсто од испитаниците потврдиле дека јадењето тестенини ги прави многу среќни. Овие наоди ја истакнуваат длабоката емоционална поврзаност на луѓето со тестенините, објаснувајќи ја нивната популарност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag