На неодамнешната премиера на филмската адаптација на романот на Џ.М. Бари за Петар Пан, целото внимание го украде најстарата ќерка на Мила Јовович и британскиот режисер Пол Андерсон, 15-годишната Евер Андерсон.
Таа е како портрет од детството на нејзината славна мајка, што се виде кога позираше на црвениот тепих во фустан во златна боја. Најстарата ќерка на моделот и ѕвезда на акционата франшиза „Resident Evil“ досега имаше мали улоги во два наслови, франшизниот филм од 2016 година „Resident Evil: The Final Chapter“, во режија на нејзиниот татко и суперхеројскиот спектакл „Black Widow“. Овој пат младата ѕвезда ја толкува насловната улога во филмската фантазија „Peter Pan and Wendy“, чија премиера неодамна се одржа во Њујорк. Тоа е нејзиниот прв значаен чекор напред во кариерата и нејзината прва главна улога.
На прашањето дали се чувствува како нешто да пропуштила, со оглед на фактот дека имала се освен обично детство, таа одговорила дека понекогаш не и е лесно да живее поинаков живот, но глумата е токму она што сакала да го прави. Таа откри дека нејзините родители ѝ дале корисен совет за тоа што, можеби, треба да „се обиде да направи малку поинаку“ на снимањето, пренесува Daily Mail. Меѓу другото, таа рече дека и пренеле дека треба повеќе да се труди и да покаже што поголем интерес за деталите од снимањето.
Мила Јовович, која покрај Евер ги има седумгодишната Дашиел и двегодишниот Осиан, изјави за Entertainment Tonight за нејзината најстара ќерка: „Од една страна, преплашена сум затоа што знам колку е тешка оваа индустрија. од друга страна, пресреќна сум затоа што се чувствувам како моето дете да ја нашло својата страст, а таа е многу фокусирана на тоа уште од својата петта година. Таа порасна на сетови со татко ѝ и јас, и јасно е дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото“, рече актерката.
Филмот „Peter Pan and Wendy“ ќе се прикажува од 28 април на Disney+, улогата на капетан Хук ја толкува Џуд Лоу, Тинкербел ја игра Јара Шахиди, првата црнка што ја презема улогата, додека младиот англиски актер Александар Молони го игра Петар Пан. Филмот е во режија на американскиот режисер Дејвид Ловери.