НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ ГО ПОКАЖА ДЕТЕТО НА ЈАВНОСТА! Го криеше една година, па го искористи вистинскиот момент (ФОТО)

popara3 февруари, 20231min00
310047_copra3401_f

Поранешната Мис на Светот Пријанка Чопра (44) трпеливо го чекаше најдобриот можен момент за да му го покаже на целиот свет лицето на својата ќерка Малити.

Пријанка Чопра пред 23 години беше прогласена за најубава жена на светот, но и денес ја оправдува таа титула.

Таа ја доби ќерката Малити со нејзиниот партнер, пејачот Ник Џонас, кој е 11 години помлад. Нивниот брак привлече посебно внимание кај јавноста и важат за еден од најубавите славни парови.

Screenshot 2023-02-03 124552
Screenshot 2023-02-03 124609
Screenshot 2023-02-03 124624

Приказната која е особено интересна е за нивното прво дете. Овој брачен пар се одлучил за сурогат мајка, не затоа што Пријанка не може да забремени, туку затоа што и двајцата биле премногу зафатени и немале време да работат на детето.

Долго време чуваа во тајност дека чекаат бебе, а девојчето го криеја од очите на јавноста додека не наполни една година.

Детето е родено предвреме, поради што имале многу трауматично искуство. Откако бебето поминало неколку месеци во инкубатор, во заедничкиот дом пристигнало како сосема здраво и напредно дете.

Цела година јавноста чекаше фотографии од среќната двојка со нивното дете, а тоа се случи дури минатата недела кога Пријанка ја донесе својата ќерка на доделување ѕвезда на Булеварот на славните на бендот чиј дел е нејзиниот сопруг Ник.

Со изразито бел тен, многумина коментираат дека Малити е слика и прилика на нејзиниот славен татко Ник.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag