Состојки:
10 црвени пиперки
150 гр ситно сирење
1 лажица семе од сусам
2 јајца
1 чаша (од 200 ml) брашно
1 шолја презла
Подготовка:
Испечете ги пиперките во рерна и изладете ги во покриен сад. Кога ќе се изладат, излупете ги и извадете ги семките. Наполнете ги со сирење измешано со сусам. Јајцата изматете и посолете ги. Полнетите пиперки валкајте ги во брашно, во изматени јајца, а потоа во презла. Се пржат на длабоко масло неколку минути од двете страни додека не поруменат.