
„Vanilla chrome“ е дефинитивно најубавата нијанса за пролетта, а веќе е меѓу најбараните во салоните.
Откако Хејли Бибер минатата година ги промовираше „glazed donut“ ноктите, односно млечно бела хромирана нијанса, трендсетерите се речиси опседнати со овој вид маникир. Хромираните нокти се најпопуларни и оваа пролет и лето, а сега доаѓаат во неодолива нијанса која сите ќе ја обожаваат.
“Vanilla chrome“ трендот ги преплаи социјалните мрежи со брзина на светлината и не мора да ви кажеме дека оваа вирална нијанса е број еден во салоните.

Можеме да кажеме дека овој тренд е наследник на „глазираниот“ маникир, но е исклучително нослив, без разлика дали имате кратки или долги нокти. Особено добро изгледа сега, со топлото време кога полека но сигурно добиваме исончан тен на кожа.
Исто така, има голем плус што изгледа скапо и луксузно, но и елегантно, како и тоа што им одговара и на младите девојки и на жените во зрела возраст, а сигурни сме дека ќе го обожаваат оние кои планираат да го кажат судбоносното „да“ оваа сезона.
Која е тајната на овој маникир?

Тренди маникирот го креирала Александра Телеки за „Vogue“, а откри како да го добиете овој ефект. Првото нешто што ви треба е крем-лак кој е добро пигментиран.
Следен чекор е комбинацијата на две хромирани пудри – првата треба да има мека и бисерна завршница, додека втората треба да биде малку погруба и во крем нијанса.