Наскоро на Нетфликс доаѓа документарец за Роби Вилијамс, а познатиот пејач за странските медиуми проговори за моментите на неговата најголема слава.
Имено, тој откри дека во времето на својата најголема слава имал тешко пореметување во исхраната, па проговорил и за борбата со анорексијата.
Роби призна дека изгубил повеќе од 12 килограми за кратко време благодарение на лек за дијабетичари, кој многу луѓе го користат за слабеење.
„Штом ќе накачам неколку килограми, тоа е страшно лошо за моето здравје. Чувствувам дека ќе полудам“, рекол тој.
За малку ќе се расплакал кога открил дека неговиот нов документарец за Нетфликс бил трауматичен за снимање бидејќи бил принуден повторно да ги преживува своите битки.
“На врвот на мојата кариера живеев со една банана дневно, односно само 90 калории. Цел живот имам нарушување во исхраната, тоа е всушност мешавина од сите нарушувања”, рекол тој.
Роби беше познат по својот „див“ начин на живот долги години, вклучувајќи ги и виорните романси со поп-дивите Никол Еплтон и Гери Халивел. На пејачот му е дијагностицирано нарушување на вниманието и телесна дисморфија.