Леонардо ди Каприо беше забележан минатата недела на забава во друштво на млада манекенка. И веднаш се појавија гласините за потенцијална нова афера, сега со нова помлада жена. Станува збор за 19-годишниот израелски модел Еден Полани.
Откако фотографиите на двајцата се појавија на интернет, обожавателите на ѕвездата ги преплавија социјалните мрежи сакајќи да дознаат повеќе за моделот, но бројни беа и безмилосните критики насочени кон 48 годишниот глумец дека девојката е премлада за него.
За оние кои се љубопитни за моделката, Еден Полани, која потекнува од Израел, моментално живее во Лос Анџелес. Родена е на 21 март 2003 година во Израел и висока е 173 см.
19-годишната девојка има потпишано договор со агенција за управување со таленти ITM Models, која е „бутик“ модна агенција основана од Омри Јаари уште во 2016 година.
Манекенката паралелно работи и во Европа, преку неколку агенции како Kult Models во Германија, Next Management во Велика Британија и Maddison во Франција.
Ди Каприо има 48 години, а до не така одамна беше во врска со друга премлада девојка, 23-годишната Викторија Ламас.