На концертот по повод КРУНИСУВАЊЕТО на кралот Чарлс, Никол излезе на сцената како ДИЗНИ ПРИНЦЕЗА! Носеше ГЛАМУРОЗЕН ФУСТАН КАКО ОД БАЈКИТЕ – раскошен и суптилен

popara9 мај, 20231min00
profimedia-0774495663

Во неделата во замокот Виндзор се одржа спектакуларен концерт по повод крунисувањето на новиот британски крал Чарлс Трети, а на сцената излегоа некои од најголемите англиски ѕвезди, вклучувајќи ги Кети Пери и Никол Шерцингер.

 

 

 

Никол особено ја воодушеви публиката, не само со својот изглед и става туку и со моќниот глас. Јавноста беше воодушевена од нејзината интерпретација на песната Reflection од класикот на Дизни „Мулан“.

Славната 44-годишна пејачка блескаше во хипнотизирачкиот долг фустан од темносино кадифе со набори и мал шлеп, а горниот дел од креацијата беше изработен во форма на корсет во проѕирна, светлосина ткаенина со блескав вез.

 

Тоалетата е во исто време многу елегантна и луксузна, но и сензуална благодарение на голите раменици и истакнатото деколте. Никол го комплетира изгледот со скап, дијамантски накит – обетки, ѓердан и прстени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma