На крај улогата ја доби Мет Дејмон: Џорџ Клуни откри кои две ѕвезди одбиле да играат во „Ocean’s 11“

popara20 април, 20231min00
george-clooney-2-830x0

„Сега се каат поради тоа“, рече Клуни

Џорџ Клуни вели дека и Марк Волберг и Џони Деп ја одбиле улогата на Лајнус Колдвел, кого на крајот го играше Мет Дејмон, во хит филмот „Ocean’s 11“ од 2001 година.

„Имавме некои многу познати личности кои ни кажаа веднаш да се е*еме, Марк Волберг, Џони Деп, имаше и други“, рече Џорџ Клуни, 61-годишниот оскаровец, во петокот на „ТСМ“ фестивалот за класичен филм во Лос Анџелес, објави „Entertainment Weekly“.

„Сега се каат за тоа“, рече Клуни.

Клуни се појави заедно со режисерот на „Ocean’s 11“ Стивен Содерберг за да го одбележи хитот што беше објавен пред повеќе од 21 година.

Комичниот крими трилер, кој се појави во кината во декември 2001 година, ги создаде продолженијата „Оушн 12“ во 2004 година и „Оушн 13“ во 2007 година, пишува Дејли мејл.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma