На многу родители тоа им се случува секој ден: Кејт Мидлтон влегла во паб во Лондон со неочекувана молба

popara3 август, 20231min00
princess-charlotte-wimbledon-debut-lead-60b5db8879fe4cba98c731fa9433dab3

Кејт Мидлтон е позната како жена која внимава на секој потег, ја има детално испланирана секоја минута од животот и секогаш се ѝ е совршено организирано, но понекогаш знае да биде изненадена од некои неочекувани ситуации.

Ова е особено случај во нејзиниот семеен живот, бидејќи е мајка на три деца. На крајот на краиштата, сите видовме како нејзиниот син, принцот Луис може да го наруши протоколот и да доведе до спонтани и слатки сцени на сериозни и официјални настани.

Како што пишува сега Мирор, на Кејт, како и на секоја мајка, одвреме-навреме ѝ се случува нешто непредвидливо, а пред неколку години во таква ситуација се нашле принцезата и нејзината ќерка.

Имено, во 2018 година, Кејт Мидлтон и нејзината ќерка принцезата Шарлот возеле низ Лондон и завршувале приватни обврски, кога девојчето ѝ се пожалило на мајка си дека итно треба да оди во тоалет. Сопругата на принцот Вилијам веднаш го запрела автомобилот и застанала во локалниот паб „Феникс“, каде ги замолила келнерите да го пуштат девојчето во тоалет.

Како што изјави за Mail Online Меги Мекинли, која редовно го посетува овој бар, била многу изненадена кога ги видела тогашната војвотка од Кембриџ и принцезата Шарлот, особено со толку срамежливо барање.

“Малото девојче цупкаше до нејзината мајка, влезе во тоалетот и потоа излегоа. Не останаа повеќе од 10 минути. Изгледаа многу љубезни и сосема нормални. Принцезата Кејт ја држеше ќерка си за рака, а принцезата Шарлот изгледаше како секое мало девојче“, се сеќава таа.

Како што рекла, пред да влезе Кејт во пабот, прво видела жена во едноставна облека, најверојатно припадник на обезбедувањето.

Семејството на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон моментално се подготвува за нивниот годишен одмор во замокот Балморал, каде традиционално престојуваат секое лето. Тоа ќе биде прва посета на овој замок по смртта на кралицата Елизабета Втора, која го обожавала Балморал и таму ги поминала последните денови од својот живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag