На овој начин ќе го одржите зеленчукот свеж
Дали знаевте дека ставањето три сунѓери во фиоката на фрижидерот каде што ги чувате овошјето и зеленчукот е најдоброто нешто што можете да го направите за да ја одржите свежината?
Значи, сè што треба да направите е да купите три сунѓери од било каков вид, и сите три да ги ставите во делот од фрижидерот (најчесто во фиоката) каде што чувате овошјето и зеленчукот. Убаво наредете ги, за да ја „покријат“ целата површина.
Дури и ако имате помал фрижидер и мала фиока, ставете три сунѓери – за да ја завршите работата што е можно подобро.
На овој начин преку сунѓерот ќе се апсорбира вишокот на влага, а овошјето и зеленчукот нема да скапуваат толку брзо. Ваквите сунѓери можете да ги чувате во фрижидерот до 15 дена, по што треба да се заменат со нови.
На овој начин можете да заштедите пари бидејќи нема да ги фрлите овошјето и зеленчукот кои брзо изгниле.